Нов Завет

Откровение 3:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Секој што ќе излезе како победник ќе стане столб во Храмот на Мојот Бог. Никој не ќе може да го избрка оттаму! Врз секој од нив ќе напишам дека Му припаѓа на Бог и дека е жител на Божјиот град - новиот Ерусалим, што слегува од небото, откај Мојот Бог. Тие ќе го носат на себе Моето ново име.

13. Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!“

14. „До гласникот на црквата во Лаодикеја напиши го следново: Ова ви го порачува Тој што е Амин, Верниот Сведок на вистината, Зачетникот на Божјите созданија:

15. Вашите дела ми се познати! Вие не сте ни студени ни жешки! Барем да бевте или студени или жешки!

Прочитајте целосна глава Откровение 3