Нов Завет

Откровение 22:13-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Зачетникот и Завршителот.

14. Благословени ќе бидат оние што ,своите облеки си ги перат‘; тие ќе добијат право да јадат од плодовите на Дрвото на животот и да влезат во градот низ портите.

15. А надвор од градот ќе останат ,кучињата‘, вражачите, блудниците, убијците, обожавателите на идоли и сите што ја сакаат лагата и што лажат.

16. Јас, Исус, испратив Свој ангел по црквите за да ве извести за ова. Јас Сум Потомок од коренот на Давид, Јас Сум сјајната Ѕвезда Деница!“

17. Духот и Невестата велат: „Дојди!“ И секој што ќе го слуша ова, треба да рече: „Дојди!“ И секој што е жеден нека дојде и секој што сака нека повели и нека земе од бесплатната животодавна вода.

18. А испраќам и предупредување до секој што ќе ги чуе пророштвата запишани во оваа книга: Никој ништо да не додава кон ова, зашто на таквиот Бог ќе му ги додаде сите казни опишани во оваа книга!

19. А ако некој одземе нешто од пророчките објави во оваа книга Бог ќе му го одземе правото на пристап до Дрвото на животот и до Светиот град, опишани во оваа книга.

Прочитајте целосна глава Откровение 22