Нов Завет

Откровение 21:22-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Во градот не видов храм. Семоќниот Господ Бог и Јагнето беа храм.

23. На градот не му беа потребни ни Сонце ни Месечина за да го расветлуваат, зашто Божјата слава го осветлуваше и Јагнето му беше Светилка.

24. Народите ќе одат по неговата светлина, а земните цареви ќе ја предадат тука својата слава.

25. Портите на градот ќе бидат постојано отворени, зашто таму секогаш е ден, и ноќи нема да има.

Прочитајте целосна глава Откровение 21