Нов Завет

Откровение 21:13-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Три порти беа на источната страна, три на северната, три на јужната и три на западната страна.

14. Градските ѕидови беа поставени врз дванаесет темели; на секој темел беше напишано името на еден од дванаесетте апостоли на Јагнето.

15. Ангелот што зборуваше со мене во раката држеше метар за мерење на градот, на портите и на градските ѕидови.

16. Градот имаше изглед на коцка: должината и височината му беа еднакви. Тој го измери градот и се покажа дека градот е долг 2.220километри, а исто толку изнесуваа и неговата широчина и неговата височина.

17. Потоа ангелот, користејќи човечки мери, ги измери и ѕидовите: нивната широчина изнесуваше околу шеесет метри.

18. Ѕидовите беа изградени од јаспис, а градот - од чисто злато, кое светкаше како кристал.

19. Дванаесетте темели му беа од скапоцени камења. Првиот темел беше од јаспис, вториот од сафир, третиот од ахат, четвртиот од смарагд;

20. петтиот темел беше од оникс, шестиот од карнелијан, седмиот од хризолит, осмиот од берил, деветтиот од топаз, десеттиот од хризопраз, единаесеттиот од хијацинт и дванаесеттиот од аметист.

21. Секоја од дванаесетте порти беше од по едно зрно бисер. Улиците на градот беа од чисто злато, кое светкаше како кристал.

Прочитајте целосна глава Откровение 21