Нов Завет

Откровение 2:19-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Вашите дела ми се познати. Ги знам љубовта, верноста, службата и трпението ваше. Знам дека напредувате и во последно време имате повеќе достигнувања отколку порано.

20. Сепак, имам една забелешка против вас: вие и дозволувате на Изевела, која самата себеси се нарекува пророчица, да ги заведува Моите следбеници учејќи ги да блудствуваат и да јадат месо жртвувано на идоли.

21. Ђ дадов време да се покае, но таа не сака да престане со своето блудство.

22. Внимавајте! Ќе ја казнам со тешка болест што ќе ја врзе за кревет, а нејзините блуднички партнери ќе ги притеснам со големи неволи, доколку не се покаат.

Прочитајте целосна глава Откровение 2