Нов Завет

Откровение 17:10-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Пет од нив веќе паднаа, шес-тиот владее сега, а седмиот допрва треба да дојде. Кога ќе дојде тој, ќе владее само кратко време.

11. Понатаму, ти го виде и црвениот Ѕвер кој постоеше, а сега повеќе го нема. Ѕверот е, всушност, еден од седумте владетели кој повторно ќе се појави како осми по ред, но ќе биде уништен.

12. Десетте рогови што ги виде претставуваат десет други владетели, кои се уште не се на власт, а ќе дојдат на власт заедно со Ѕверот и ќе владеат само кратко време.

13. Сите тие едногласно ќе се сложат да му ја предадат сета власт и сите свои овластувања на Ѕверот.

14. Овие владетели ќе војуваат против Јагнето, но Јагнето, придружувано од повиканите, избраните и верни следбеници, ќе ги победи, бидејќи Тоа е Господар над господарите и Владетел над владетелите.“

15. Ангелот продолжи да ми објаснува: “Големите води што ги виде, врз кои седеше блудницата, претставуваат многу луѓе, од сите раси и јазици.

16. Но десетте рогови, кои ги претставуваат десетте владетели и црвениот Ѕвер, ќе почнат да ја мразат бесрамната блудница. Тие наполно ќе ја опустошат и соголат, месото ќе и го изедат, а нејзе на оган ќе ја изгорат,

17. зашто, под влијание на Бог, овие владетели едногласно ќе се сложат да му ја предадат сета своја власт на црвениот Ѕвер. Со тоа ќе се остварат Божјите планови.

Прочитајте целосна глава Откровение 17