Нов Завет

Откровение 16:7-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Тогаш и глас од жртвеникот проговори и рече: „Да, Господе, Семоќен Боже; Твоите пресуди се правилни и праведни!“

8. Четвртиот ангел го истури својот сад врз Сонцето и тоа почна да ги пече луѓето како оган.

9. Луѓето се печеа на големата горештина и го навредуваа Божјото име на небото; но никој од нив не се обрати и не Му ја призна славата што Му припаѓа на Бог.

10. Петтиот ангел го истури својот сад врз престолот на Ѕверот. Наеднаш неговото царство го зафати темнина, а поданиците од растројства си ги гризеа јазиците, но и го навредуваа името на небесниот Бог

11. поради страдањата и чиревите. Никој од нив не престана да врши зли дела.

12. Шестиот ангел го истури својот сад врз големата река Еуфрат и таа пресуши. Тоа им овозможи премин на царевите од Исток со своите војски.

Прочитајте целосна глава Откровение 16