Нов Завет

Откровение 15:6-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Од Храмот излегоа седумте ангели што ги носеа седумте стравотни неволи. Тие беа облечени во чисти, бели облеки од ленено платно, а преку градите беа препашани со златни појаси.

7. Едно од четирите живи суштества му даде на секој ангел по една златна чаша - вкупно седум чаши полни со Божји гнев, од Оној што живее во вечни векови!

8. Храмот бргу се наполни со дим од болскотот и силата Божја и никој не можеше да влезе во Храмот се додека седумте ангели не ги истурија седумте чаши на последните стравотни неволи.

Прочитајте целосна глава Откровение 15