Нов Завет

Откровение 14:17-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Потоа од Храмот на небото излезе и друг ангел; и тој имаше остар срп во раката.

18. Во тој миг откај жртвеникот излезе уште еден ангел - кој го надгледуваше огнот на жртвеникот - и со силен глас му се обрати на ангелот со остриот срп: „Замавни со својот срп и обери го сето грозје од лозјето на Земјата, зашто тоа е веќе узреано!“

19. Тогаш ангелот замавна со српот и го обра сето грозје на Земјата и го собра во големата каца на Божјиот гнев.

20. Грозјето во кацата беше изгмечено надвор од градот. А кога се гмечеше, од кацата се разлеа река од крв долга околу триста километри, чија длабочина досегаше до уздите на коњите.

Прочитајте целосна глава Откровение 14