Нов Завет

Откровение 14:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Понатаму, во моето видение Го видов Јагнето како стои на гората Сион. Со Него стоеја 144.000луѓе кои на своите чела го носеа напишано Неговото име и името на Неговиот небесен Татко.

2. Тогаш од небото чув громогласен звук како од силен водопад. Звукот прилегаше на музика од голем број свирачи на харфи.

3. Таму, пред Божјиот престол, пред четирите живи суштества и пред старешините, стоеја 144.000души откупени од Земјата и пееја една нова песна што ја знаеја само тие.

Прочитајте целосна глава Откровение 14