Нов Завет

Откровение 11:3-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Потоа Јас ќе испратам двајца Мои пророци, кои облечени во траурни облеки ќе проповедаат илјада двесте и шеесет дни.

4. Овие двајца пророци се двете маслинови дрвја и двата свеќници што се наоѓаат пред Господарот на Земјата.

5. Доколку некој се обиде да им напакости, оган ќе излезе од нивните усти и ќе ги погуби нивните непријатели! На таков начин ќе биде погубен секој што ќе се обиде да им напакости.

6. Тие ќе бидат овластени да го затворат небото за да не врне дожд, за време на нивното пророкување. Ќе им биде дадена моќ да ги претвораат водите во крв и да ја казнуваат Земјата со секакви неволи, колку што пати ќе посакаат.

Прочитајте целосна глава Откровение 11