Нов Завет

Maтеј 7:25-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

25. кога ќе заврнат поројни дождови, ќе надојдат реките, или силен виор ќе ја погоди куќата, таа нема да се урне, бидејќи е изградена врз камена подлога.

26. А секој што ги слуша Моите зборови, а не ги извршува е глупав и може да се спореди со човек, кој си гради куќа врз песок;

27. кога ќе заврнат поројни дождови, ќе надојдат реките, или силен виор ќе ја погоди куќата, таа ќе се урне со стравотен тресок!“

28. Кога Исус го заврши својот говор, народот беше восхитен од начинот на кој Тој го поучуваше,

29. зашто, за разлика од вероучителите, Тој го поучуваше со вистински авторитет.

Прочитајте целосна глава Maтеј 7