Нов Завет

Maтеј 7:17-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Секое питомо дрво раѓа питоми плодови, а секое диво дрво раѓа диви плодови.

18. Од питомото дрво не може да произлезе див плод, ниту пак од дивото дрво може да произлезе питом плод.

19. А дрвјата кои не раѓаат питоми плодови се сечат и се горат!

20. Така, значи, по нивните плодови ќе ги распознаете.“

21. „Во небесното царство нема да влезе секој човек што ми се обраќа со ,Господе, Господе‘, туку само оние кои го извршуваат она што од нив го бара Мојот небесен Татко.

22. Кога ќе дојде Судниот ден, мнозина ќе ми велат: ,Господе, Господе! Ние во Твое име пророкувавме, во Твое име демони протерувавме и во Твое име чуда правевме!‘

23. Тогаш Јас ќе им речам: ,Никогаш не Сум ве познавал! Тргнете се од Мене вие кои ги кршевте Божјите закони!‘“

24. „Секој што ги слуша Моите зборови и ги извршува е мудар и може да се спореди со човек, кој си гради куќа врз камена подлога;

25. кога ќе заврнат поројни дождови, ќе надојдат реките, или силен виор ќе ја погоди куќата, таа нема да се урне, бидејќи е изградена врз камена подлога.

26. А секој што ги слуша Моите зборови, а не ги извршува е глупав и може да се спореди со човек, кој си гради куќа врз песок;

27. кога ќе заврнат поројни дождови, ќе надојдат реките, или силен виор ќе ја погоди куќата, таа ќе се урне со стравотен тресок!“

28. Кога Исус го заврши својот говор, народот беше восхитен од начинот на кој Тој го поучуваше,

29. зашто, за разлика од вероучителите, Тој го поучуваше со вистински авторитет.

Прочитајте целосна глава Maтеј 7