Нов Завет

Maтеј 7:12-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. „Постапувајте со луѓето онака како што сакате тие да постапуваат со вас тоа е суштината на Мојсеевиот Закон и на она што го проповедаа пророците.“

13. „Влезот во Божјото царство е низ тесна врата, а мнозинството луѓе одат по широкиот и лесен пат кој води во пропаст!

14. А мала е вратата и тесен е патот што водат во вечен живот, и мал број луѓе го наоѓаат.“

15. „Чувајте се од лажни пророци; тие доаѓаат кај вас во овча кожа, но однатре се грабливи волци.

16. По нивните плодови ќе ги распознаете: трнот сигурно не раѓа грозје, ниту пак чичката раѓа смокви!

17. Секое питомо дрво раѓа питоми плодови, а секое диво дрво раѓа диви плодови.

18. Од питомото дрво не може да произлезе див плод, ниту пак од дивото дрво може да произлезе питом плод.

19. А дрвјата кои не раѓаат питоми плодови се сечат и се горат!

20. Така, значи, по нивните плодови ќе ги распознаете.“

21. „Во небесното царство нема да влезе секој човек што ми се обраќа со ,Господе, Господе‘, туку само оние кои го извршуваат она што од нив го бара Мојот небесен Татко.

Прочитајте целосна глава Maтеј 7