Нов Завет

Maтеј 7:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. „Не осудувајте други, па и вие нема да бидете осудувани.

2. Зашто, како што ќе судите вие, така и вам ќе ви биде судено; со каква мера ќе мерите, со таква и вам ќе ви се мери.

3. Не гледај ја раската во окото на твојот ближен, туку гледај ја гредата во сопственото око!

4. Како можеш да му кажеш на својот ближен: „Дај да ти ја извадам раската од окото“, кога ти не ја гледаш гредата во сопственото око!?

5. Тоа е лицемерство! Отстрани си ја најнапред гредата од сопственото око, па ќе можеш добро да гледаш за да ја отстраниш раската од окото на твојот ближен!“

6. „Не давајте им го на пците тоа што е свето; не фрлајте бисери пред свињи, зашто тие ќе ги изгазат, а пците, пак, и врз вас ќе се нафрлат!“

7. „Молете и ќе добиете; барајте и ќе најдете; почукајте и ќе ви биде отворено,

Прочитајте целосна глава Maтеј 7