Нов Завет

Maтеј 6:8-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Не бидете како нив, зашто вашиот небесен Татко ги знае вашите потреби уште пред да Го молите за нив.

9. Затоа, молете се вака: ,Татко наш, Кој си на небесата: нека се почитува Твоето Име!

10. Нека дојде Твоето царство, нека се извршува Твојата волја овде на Земјата, како што се извршува на небото.

11. Дај ни ја неопходната храна за денешниот ден.

12. Прости ни ги нашите гревови, како што и ние веќе им простивме на оние што нам ни згрешија.

13. Не оставај да им потклекнеме на искушенијата, но избави ни од Лукавиот‘. (Зашто Тебе Ти припаѓаат и Царството, и силата, и славата, за вечни векови, амин.)

14. Зашто, доколку вие им ги простувате гревовите на другите, ќе ви ги прости и вам вашиот небесен Татко.

15. Но, ако вие не им простувате на луѓето, ни вашиот небесен Татко нема вам да ви ги прости вашите гревови.“

16. „И кога постите, не бидете намуртени како лицемерите; тие си го изобличуваат лицето за да забележат луѓето дека постат. Ве уверувам дека друга награда за нив ќе нема!

17. А ти, кога постиш, дотерај си ја косата и разведри си го лицето,

18. за да не те познаат луѓето дека постиш; доволно е што знае твојот небесен Татко, Кој го гледа тоа што е тајно, за што ќе те награди јавно. “

19. „Не напластувајте си богатство овде на Земјава, каде што молци и ’рѓа го уништуваат и крадци провалуваат и го крадат,

20. туку напластувајте си богатство на небото, каде што ни молци ни ’рѓа го уништуваат, ниту пак крадци провалуваат и крадат.

21. Зашто, каде што ви е богатството, таму ќе ви биде и срцето.

22. Очите се светилка за телото; ако ти се здрави очите, целото тело ќе ти биде осветлено;

23. ако, пак, очите не ти се добри, целото тело ќе ти биде затемнето. Значи, ако тоа што во тебе треба да е светлина, всушност е темнина, колку ли е црна темнината!?

24. Никој не може да им служи на двајца господари: или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази, или пак едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бога и на парите.

25. Затоа, ви велам, да не ве мачат грижи за неопходната храна и облека кои ви се потребни за живот; зар животот не е повеќе од храна и облека за телото?

26. Погледнете ги птиците во небесниот свод: тие ни сеат, ни жнеат, ниту пак резерви си напластуваат; па сепак, вашиот небесен Татко ги храни. Та зар за Бог вие не сте повредни од нив!?

27. Можат ли сите ваши грижи, макар и за педа да ви го продолжат животот?

28. И зошто се грижите за облекувањето? Погледнете како растат полските цвеќиња: тие не се трудат, ниту предат,

Прочитајте целосна глава Maтеј 6