Нов Завет

Maтеј 6:7-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Кога се молите, не редете празни зборови, како што тоа го прават оние што не Го познаваат Бога, мислејќи дека ќе бидат услишани поради својата речовитост.

8. Не бидете како нив, зашто вашиот небесен Татко ги знае вашите потреби уште пред да Го молите за нив.

9. Затоа, молете се вака: ,Татко наш, Кој си на небесата: нека се почитува Твоето Име!

10. Нека дојде Твоето царство, нека се извршува Твојата волја овде на Земјата, како што се извршува на небото.

11. Дај ни ја неопходната храна за денешниот ден.

12. Прости ни ги нашите гревови, како што и ние веќе им простивме на оние што нам ни згрешија.

Прочитајте целосна глава Maтеј 6