Нов Завет

Maтеј 6:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. „Пазете се од искажување побожност и добрина со цел да се покажете пред луѓето, зашто тогаш не ќе имате награда од вашиот небесен Татко.

2. А кога давате милостини, не трубете насекаде, како што тоа го прават лицемерите по синагогите и по улиците. Тие го прават тоа за да бидат пофалени од луѓето. Ве уверувам дека друга награда за нив ќе нема!

3. А ти, кога ќе даваш милостини, твојата лева рака да не знае што дала десната;

4. нека бидат дискретни твоите милостини, а твојот небесен Татко, Кој го гледа и тоа што е тајно, ќе те награди јавно.“

Прочитајте целосна глава Maтеј 6