Нов Завет

Maтеј 5:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Кога Исус виде толку народ, се искачи на ридот, па откако седна, Му пристапија Неговите ученици

2. и Тој започна да ги поучува вака:

3. „Благословени се оние кои се чувствуваат духовно сиромашни, зашто на таквите им припаѓа небесното царство!

4. Благословени се оние што тагуваат, зашто ќе бидат утешени!

5. Благословени се кротките луѓе, зашто тие ќе бидат наследниците на Земјата!

6. Благословени се луѓето кои се гладни и жедни за правда, зашто тие ќе бидат задоволени!

Прочитајте целосна глава Maтеј 5