Нов Завет

Maтеј 5:1-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Кога Исус виде толку народ, се искачи на ридот, па откако седна, Му пристапија Неговите ученици

2. и Тој започна да ги поучува вака:

3. „Благословени се оние кои се чувствуваат духовно сиромашни, зашто на таквите им припаѓа небесното царство!

4. Благословени се оние што тагуваат, зашто ќе бидат утешени!

5. Благословени се кротките луѓе, зашто тие ќе бидат наследниците на Земјата!

6. Благословени се луѓето кои се гладни и жедни за правда, зашто тие ќе бидат задоволени!

7. Благословени се милостивите луѓе, зашто тие ќе бидат помилувани!

8. Благословени се луѓето со чисто срце, зашто тие ќе Го видат Бога!

9. Благословени се миротворците, зашто тие ќе бидат прогласени за Божји деца!

10. Благословени се прогонуваните поради тоа што се справедливи, зашто ним им припаѓа небесното царство!

11. Благословени сте и вие ако ве навредуваат и прогонуваат поради тоа што сте Мои следбеници и ако изнесуваат злобни лаги против вас.

12. Радувајте се и ликувајте, зашто на небото ве чека голема награда; така беа прогонувани и Божјите пророци кои живееја пред вас.“

13. „Вие сте во улога на сол на Земјата; ако солта стане блуткава, како ќе ђ се врати солениот вкус? Таа ќе стане безвредна ќе биде фрлена да ја газат луѓето.

14. Вие сте во улога на светлина на светот, како осветлен град изграден на врв планина, за сите да го гледаат.

15. Никој не пали свеќа за да ја покрие со капак, туку ја става на свеќник, за да им свети на сите во куќата.

16. Така и вие бидете светлина пред луѓето, нека видат добри дела во вас, па ќе Го слават вашиот небесен Татко.“

17. „Немојте да мислите дека сум дошол да ги укинам Божјиот Закон и учењата на пророците. Не дојдов да ги укинам, туку да ги исполнам.

18. Зашто, ве уверувам дека, си додека постојат небото и Земјата, ниту најмал детаљ од Божјиот Закон нема да се укине си додека целосно не се исполни!

Прочитајте целосна глава Maтеј 5