Нов Завет

Maтеј 4:22-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Тие веднаш ги оставија бротчето и татка си и тргнаа по Исус.

23. Исус одеше по цела Галилеја, поучувајќи по синагогите, проповедајќи ја Радосната вест за Божјото царство и исцелувајќи секакви болести и заболувања кај луѓето.

24. Гласот за Него се рашири дури и во Сирија и кај Него ги доведуваа сите заболени од разни болести, луѓе обземени со демонски духови, епилептичари и парализирани и Исус ги исцелуваше.

25. По Него тргна голема толпа народ од покраините Галилеја и Декаполис, како и од Ерусалим, од Јудеја и од пределите источно од реката Јордан.

Прочитајте целосна глава Maтеј 4