Нов Завет

Maтеј 4:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Исус ги повика: „Тргнете по Мене и Јас ќе ве научам како да ловите луѓе!“

20. Тие веднаш ги оставија своите мрежи и тргнаа по Него.

21. Одејќи понатаму, Исус виде и повика уште двајца браќа: Јаков и Јован, синови на Завдај, кои, заедно со својот татко Завдај се наоѓаа во своето бротче и си ги подготвуваа рибарските мрежи.

22. Тие веднаш ги оставија бротчето и татка си и тргнаа по Исус.

23. Исус одеше по цела Галилеја, поучувајќи по синагогите, проповедајќи ја Радосната вест за Божјото царство и исцелувајќи секакви болести и заболувања кај луѓето.

Прочитајте целосна глава Maтеј 4