Нов Завет

Maтеј 28:6-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Не е тука; воскресна, како што однапред ви беше рекол! Влезете и погледнете го местото каде што беше положено Неговото тело.

7. Одете брзо и кажете им на Неговите ученици дека Тој воскресна од мртвите и дека е на пат кон Галилеја. Појдете таму и ќе Го видите. Еве, дојдов да ви го кажам тоа.“

8. Со измешани чувства на страв и радост жените веднаш ја напуштија гробницата и со трчање се упатија кон Исусовите ученици да ги известат за ова.

9. Одеднаш, ги пресретна Исус и ги поздрави: „Здраво!“ Тие Му пријдоа, ги прегрнаа Неговите нозе и Му се поклонија.

10. Тогаш Исус им рече: „Не плашете се! Одете и јавете им на Моите браќа да појдат во Галилеја; таму ќе се видиме!“

Прочитајте целосна глава Maтеј 28