Нов Завет

Maтеј 27:9-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. На тој начин се исполнија зборовите на пророкот Еремија: „Ги зедоа триесетте сребреници, цена што за Непроценливиот ја определија Израелците.

10. Ги платија за нивата на грнчарот, како што Господ ми објави.“

11. Исус беше доведен пред римскиот гувернер Пилат, кој Го запраша: „Ти ли си царот на Евреите?“ Исус му одговори: „Самиот го велиш тоа.“

12. А кога свештеничките поглавари и старешините почнаа да ги изнесуваат своите обвинувања против Него, Исус молчеше.

13. Тогаш Пилат Му рече: „Зар не ги слушаш овие тешки обвиненија против Тебе?“

14. Но Исус воопшто не му одговараше, на што гувернерот многу се чудеше.

Прочитајте целосна глава Maтеј 27