Нов Завет

Maтеј 27:55-62 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

55. Тука беа присутни и голем број жени, кои уште од Галилеја Го придружуваа Исуса и Му помагаа.

56. Меѓу нив беа: Марија од градот Магдала, Марија мајката на Јаков и Јосиф, и мајката на Завдаевите синови, Јаков и Јован.

57. Таа вечер, еден богат човек од Ариматеја, кој се викаше Јосиф, а беше Исусов ученик,

58. дојде кај Пилат и го побара Исусовото тело.

59. Пилат одобри да му се даде. Тогаш Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно

60. и го положи во својата нова, дотогаш некористена гробница, издлабена во карпа. На отворот постави голем камен и си замина.

61. Спроти гробницата останаа да седат Марија Магдалена и другата Марија.

62. Утредента, во саботата, кај Пилат дојдоа заедно свештеничките поглавари и фарисеите.

Прочитајте целосна глава Maтеј 27