Нов Завет

Maтеј 27:49-52 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

49. Другите, пак, говореа: „Чекајте, да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!“

50. Исус уште еднаш извика со силен глас и умре.

51. Во тој миг, завесата во храмот се расцепи на два дела озгора додолу. Земјата се тресеше и карпите распукнуваа!

52. Гробници се отворија и телата на голем број починати праведници воскреснаа!

Прочитајте целосна глава Maтеј 27