Нов Завет

Maтеј 27:33-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

33. Стигнаа на местото наречено Голгота, што во превод значи „Череп“.

34. Му понудија на Исус пијалак од вино помешано со една горчлива течност за ублажување на болките, но кога Тој вкуси не сакаше да го пие.

35. Војниците Го распнаа Исуса на крстот и со жрепка си ги поделија меѓу себе Неговите алишта.

36. Потоа седнаа и стражареа околу Него.

37. Над главата Му ставија натпис за Неговата вина. Натписот гласеше: „Ова е Исус, царот на Евреите.“

38. Заедно со Него распнаа и двајца злосторници: едниот оддесно, другиот одлево на Исус.

39. Минувачите покрај крстот Го навредуваа Исуса, вртејќи со главите и

Прочитајте целосна глава Maтеј 27