Нов Завет

Maтеј 27:2-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Го врзаа и Го одведоа кај римскиот гувернер Пилат.

3. Кога предавникот Јуда разбра дека Исус е осуден на смрт, кај него се јави грижа на совеста, па им ги врати триесетте сребреници на свештеничките поглавари и на старешините, изјавувајќи:

4. „Згрешив, бидејќи предадов невин човек!“ Но тие му одговорија: „Што имаме ние со тоа? Тоа си е твоја работа!“

5. Тогаш Јуда ги фрли сребрениците во храмот, си замина оттаму и се обеси.

6. Свештеничките поглавари ги собраа парите и рекоа: „Овие пари беа дадени за да се погуби човек; затоа не смеат да се стават во црковната каса!“

7. Одржаа состанок на кој решија да се купи ,грнчаревата нива‘ и да се користи како гробишта за туѓинци.

8. Поради ова, таа нива до денес се вика ,Крвна нива‘.

9. На тој начин се исполнија зборовите на пророкот Еремија: „Ги зедоа триесетте сребреници, цена што за Непроценливиот ја определија Израелците.

10. Ги платија за нивата на грнчарот, како што Господ ми објави.“

11. Исус беше доведен пред римскиот гувернер Пилат, кој Го запраша: „Ти ли си царот на Евреите?“ Исус му одговори: „Самиот го велиш тоа.“

12. А кога свештеничките поглавари и старешините почнаа да ги изнесуваат своите обвинувања против Него, Исус молчеше.

13. Тогаш Пилат Му рече: „Зар не ги слушаш овие тешки обвиненија против Тебе?“

14. Но Исус воопшто не му одговараше, на што гувернерот многу се чудеше.

Прочитајте целосна глава Maтеј 27