Нов Завет

Maтеј 26:68-75 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

68. Му велеа: „Месијо, погоди кој те удри!?“

69. За тоа време Петар седеше надвор, во дворот. Една слугинка му пријде и му рече: „И ти беше со Галилеецот Исус!“

70. Но тој пред сите одрекуваше, велејќи: „Не е точно тоа што го тврдиш!“

71. Кога Петар се упати кон вратата, го виде уште една слугинка и им рече на оние што седеа таму: „И овој човек беше со Исус од Назарет!“

72. Петар повторно одрече и дури се заколна, изјавувајќи: „Не го познавам тој човек!“

73. Малку подоцна, некои од оние што стоеја таму се доближија до Петар и му рекоа: „Навистина, и ти си еден од нив! И говорот твој те издава!“

74. Но Петар почна да се колне и да ги уверува: „Јас не го познавам тој човек!“ Во тој момент запеа петел.

75. Тогаш Петар се сети на Исусовите зборови: „Уште пред петлите да запеат, ти трипати ќе одречеш дека си Мој следбеник.“ Потоа излезе надвор и горко заплака.

Прочитајте целосна глава Maтеј 26