Нов Завет

Maтеј 26:15-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. „Колку ќе ми платите, ако ви Го предадам Исус?“ Тие му дадоа триесет сребреници.

16. Оттогаш Јуда бараше згоден момент да Го предаде Исуса.

17. На првиот ден од празникот Бесквасници учениците Му пристапија на Исус и Го прашаа: „Каде би сакал да ја приготвиме пасхалната вечера?“

18. Исус им рече да отидат во градот и на извесен човек да му кажат вака: „Нашиот Учител вели: ,Дојде Моето време. Сакам да ја одржам пасхалната вечера, заедно со Моите ученици, овде, во твојот дом‘.“

19. Учениците постапија онака како што им заповеда Исус и таму ја приготвија пасхалната вечера.

20. Вечерта Исус седеше на трпезата заедно со дванаесеттемина.

21. Додека вечераа, Исус им рече: „Еден од вас навистина ќе Ме предаде!“

22. Оваа изјава ги нажали учениците и еден по еден почнаа да Го прашуваат: „Да не сум јас, Господе?“

23. Исус им одговори: „Еден од вас, што јаде од иста чинија со Мене, ќе Ме предаде.

24. Навистина, Јас, Синот Човечки, морам да умрам, како што е претскажано во Светото Писмо; но тешко си му на тој човек што ќе Ме предаде Мене, Синот Човечки! Подобро ќе му беше ако воопшто не се родеше!“

25. Тогаш Јуда Го праша: „Учителе, да не сум јас?“ Исус му одговори: „Самиот си кажа!“

26. Додека вечераа, Исус зеде леб, го благослови и го раскрши. Потоа им даваше на учениците и им говореше: „Земете и јадете; ова го претставува Моето тело“.

27. Потоа зеде чаша со вино, Му се заблагодари на Бог, им ја подаде чашата на Своите ученици и им рече: „Земете и пијте сите;

28. ова ја претставува Мојата крв крв на Божјиот нов завет со вас крв што се пролева за простување на гревовите на многу луѓе.

Прочитајте целосна глава Maтеј 26