Нов Завет

Maтеј 26:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Завршувајќи со сите овие поуки, Исус им рече на Своите ученици:

2. „Како што знаете, по два дена настапува празникот Пасха. Тогаш Мене, Синот Човечки, ќе Ме предадат и ќе Ме распнат на крст.“

3. Во тоа време, во резиденцијата на Првосвештеникот Кајафа се одржуваше состанок на свештеничките поглавари и народните старешини.

4. Тие решија тајно да Го уапсат Исуса и да Го погубат.

5. „Но не за време на празникот, за да не се побуни народот!“ заклучија тие.

6. Исус се наоѓаше во местото Бетанија, во куќата на Симон, кој порано боледувал од лепра,

Прочитајте целосна глава Maтеј 26