Нов Завет

Maтеј 26:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Завршувајќи со сите овие поуки, Исус им рече на Своите ученици:

2. „Како што знаете, по два дена настапува празникот Пасха. Тогаш Мене, Синот Човечки, ќе Ме предадат и ќе Ме распнат на крст.“

3. Во тоа време, во резиденцијата на Првосвештеникот Кајафа се одржуваше состанок на свештеничките поглавари и народните старешини.

4. Тие решија тајно да Го уапсат Исуса и да Го погубат.

5. „Но не за време на празникот, за да не се побуни народот!“ заклучија тие.

Прочитајте целосна глава Maтеј 26