Нов Завет

Maтеј 26:1-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Завршувајќи со сите овие поуки, Исус им рече на Своите ученици:

2. „Како што знаете, по два дена настапува празникот Пасха. Тогаш Мене, Синот Човечки, ќе Ме предадат и ќе Ме распнат на крст.“

3. Во тоа време, во резиденцијата на Првосвештеникот Кајафа се одржуваше состанок на свештеничките поглавари и народните старешини.

4. Тие решија тајно да Го уапсат Исуса и да Го погубат.

5. „Но не за време на празникот, за да не се побуни народот!“ заклучија тие.

6. Исус се наоѓаше во местото Бетанија, во куќата на Симон, кој порано боледувал од лепра,

7. кога Му пријде една жена, носејќи скапоцен мирис во шише од алабастер и го полеа врз главата на Исус, Кој седеше на поставената трпеза.

8. На ова, Неговите ученици реагираа налутено, велејќи:

9. „Зошто се прави ваква штета!? Мирисот можеше да се продаде за скапи пари, а парите да им се разделат на сиромасите!“

10. Исус го забележа тоа, па им рече: „Зошто ја прекорувате жената!? Таа направи едно љубезно дело за Мене.

11. Сиромаси секогаш ќе има меѓу вас, но Мене нема секогаш да Ме имате.

Прочитајте целосна глава Maтеј 26