Нов Завет

Maтеј 25:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. „Кога ќе биде воспоставено небесното царство, тоа ќе биде како во следната споредба. Десет девојки ги зеле своите ламби и излегле да го пречекаат младоженецот.

2. Петте од нив биле глупави, а другите пет мудри.

3. Глупавите понесле со себе ламби, но не зеле и масло за горење.

4. Мудрите, пак, заедно со ламбите зеле и масло за горење.

5. Доаѓањето на младоженецот се забавило, па сите девојки задремале и заспале.

6. На полноќ ги разбудил силен извик: ,Младоженецот доаѓа! Излезете му во пресрет!‘

7. Девојките станале и почнале да ги подготвуваат своите ламби.

Прочитајте целосна глава Maтеј 25