Нов Завет

Maтеј 24:45-48 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

45. „Значи, за кој слуга може да се рече дека е мудар и верен? Тоа е оној слуга што добил задача од својот господар да ги надгледува сите други слуги и навреме да ги храни,

46. и кој навистина си ја извршува задачата што му е доверена. Блазе си на таков слуга, кога ќе се врати неговиот господар!

47. Ве уверувам дека нему ќе му го довери сиот свој имот!

48. Но ако слугата е лош и си рече во себе: ,Мојот господар нема да се врати уште долго време!‘,

Прочитајте целосна глава Maтеј 24