Нов Завет

Maтеј 24:28-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. Каде што е мршата, таму ќе се соберат и мршојадците.“

29. „Веднаш по неволите во тие дни, ќе потемни Сонцето, Месечината ќе престане да свети, од небото ѕвезди ќе паѓаат и небесните сили ќе се разнишаат.

30. Тогаш, конечно на небото ќе се појави знакот на Месијата, Синот Човечки; и ќе залелекаат сите народи на Земјата кога ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облаците со моќ и величествена слава.

31. Тој ќе ги испрати Своите ангели со громогласен звук од труба да ги соберат Неговите избраници од сите четири страни на светот, од едниот до другиот крај на светот.“

32. „Сфатете ја оваа споредба преку примерот со смоквата: штом ќе ђ се подмладат гранките и ќе пуштат лисје, знаете дека наближува летото.

33. Така и вие, кога ќе видите дека сите овие случки што ви ги опишав се одвиваат, ќе знаете дека дошло времето и веќе е на прагот.

34. Ве уверувам дека сите овие настани ќе се одиграат пред да изумре оваа генерација.

35. Небото и Земјата ќе ги снема, но Моите зборови ќе останат!

36. А денот и часот на Христовото враќање никому не му се откриени, дури ни на ангелите на небото, ниту пак на Божјиот Син. Само небесниот Татко ги знае.

Прочитајте целосна глава Maтеј 24