Нов Завет

Maтеј 24:22-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Да не беше предвидено скратување на тоа време, никој не би преживеал; но тоа време ќе се скрати, заради избраните од Бога.“

23. „Ако некој тогаш ви рече: ,Еве Го Месијата овде!‘ не верувајте му!

24. Зашто, ќе се појават лажни месии и лажни пророци и ќе изведат големи знаци и чуда, обидувајќи се да ги измамат избраните од Бога, ако е можно.

25. Еве, однапред ви кажав.

26. Значи, ако ви речат: ,Ене Го Месијата во пустината!‘ не одете таму; или: ,Еве Го, се крие овде!‘ не верувајте им!

27. Зашто, Синот Човечки ќе дојде како молскавица што ќе болсне на исток и веднаш ќе се види на запад!

28. Каде што е мршата, таму ќе се соберат и мршојадците.“

29. „Веднаш по неволите во тие дни, ќе потемни Сонцето, Месечината ќе престане да свети, од небото ѕвезди ќе паѓаат и небесните сили ќе се разнишаат.

30. Тогаш, конечно на небото ќе се појави знакот на Месијата, Синот Човечки; и ќе залелекаат сите народи на Земјата кога ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облаците со моќ и величествена слава.

Прочитајте целосна глава Maтеј 24