Нов Завет

Maтеј 24:14-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. А Радосната вест за небесното царство ќе се проповеда по целиот свет, за да ја чујат сите народи. Тогаш ќе дојде крајот.“

15. „Значи, кога ќе видите дека богохулникот што пустоши се наместил на светото место за ова пишува пророкот Даниел, и секој читател треба да обрне внимание

16. тогаш, оние што ќе се најдат во покраината Јудеја нека бегаат кон планините,

17. тој што ќе се најде на покривот, да не слегува долу да земе нешто од покуќнината,

18. а тој што е на нива, да не се враќа дома за да си го земе палтото!

19. Тоа ќе биде посебно тешко време за трудниците и за доилките!

20. Молете Го Бога вашето бегство да не се случи зиме или во саботен ден!

21. Зашто, тогаш ќе има такви маки, какви што немало од создавањето на светот досега, ниту пак ќе ги има во иднина.

Прочитајте целосна глава Maтеј 24