Нов Завет

Maтеј 23:30-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

30. и велите: ,Да живеевме во времето на нашите предци, ние немаше да соучествуваме во убивањето на пророците!‘

31. Така самите признавате дека сте им потомци на оние што ги убиваа пророците!

32. Затоа, ајде, довршете го делото на вашите предци!

33. Змии ниедни и змиски рожби! Како ќе ја избегнете пресудата за во пеколот!?

34. Затоа, еве, испраќам меѓу вас пророци и мудри луѓе и вероучители, а вие некои од нив ќе убиете, на крст ќе ги распнете, а некои ќе ги камшикувате по синагогите и ќе ги прогонувате од еден град во друг.

35. Така, врз вас ќе падне казната за сите невини жртви на Земјата, од убиството на праведниот Авел до убиството на Захарија, синот на Берекија, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот!

36. Ве уверувам дека казната за сите овие убиства ќе падне врз оваа генерација!

Прочитајте целосна глава Maтеј 23