Нов Завет

Maтеј 22:4-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Повторно испраќа други слуги да им порачаат на поканетите: ,Гозбата е приготвена, јунците и телињата се заклани, си е готово, повелете на свадбата!‘

5. Меѓутоа, поканетите не сакаат да чујат, туку си заминуваат, кој на нива, кој на пазар.

6. Некои од нив дури ги тепаат слугите и ги убиваат.

7. Тогаш царот се налутува и испраќа војска да ги погуби убијците и да им го запали градот.

8. Потоа ги повикува своите слуги и им вели: ,Гозбата е приготвена, но поканетите не се покажаа достојни.

9. Тргнете сега по раскрсниците и поканете го на свадбата секого што ќе го сретнете.‘

10. Така, слугите одат и ги доведуваат сите што ќе ги најдат, и добри и лоши. И свадбената сала се наполнува со гости.

11. Тогаш влегува и царот да се сретне со гостите. Забележува еден човек кој не носи свечена облека и го прашува:

12. ,Пријателе, зошто си дошол овде без свечена облека?‘ А тој молчи.

13. Тогаш царот им заповеда на слугите: ,Врзете му ги нозете и рацете и фрлете го во најдлабоката темница. Таму ќе има лелекање и чкрипење со заби!‘

14. Зашто, иако мнозина се поканети, малцина се избрани“ заклучи Исус.

15. Тогаш фарисеите се повлекоа и почнаа да се договараат како да го уловат Исус да каже нешто за што ќе можат да Го обвинат.

16. Испратија кај Него некои од своите ученици и од приврзаниците на Ирод, да Го прашаат: „Учителе, познато ни е дека Ти си справедлив и дека секогаш ја зборуваш вистината за Божјиот пат, без оглед на тоа што ќе мислат луѓето, зашто не гледаш кој е кој.

Прочитајте целосна глава Maтеј 22