Нов Завет

Maтеј 20:25-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

25. Тогаш Исус ги повика кај Себе сите заедно и им рече: „Знаете дека владетелите на овој свет владеат сурово над луѓето.

26. Но, меѓу вас не треба да биде така. Напротив, ако некој сака да биде водач меѓу вас нека им служи на сите.

27. Тој што сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга

28. како што Јас, Синот Човечки, не дојдов за да Ми служат, туку Јас да им служам на луѓето и да го дадам Својот живот како откупнина за мнозина.“

29. На излегување од градот Јерихо, голема толпа народ врвеше по Исус и Неговите ученици.

30. Покрај патот седеа двајца слепи и штом слушнаа дека Исус минува оттаму почнаа да викаат на сиот глас: „Господе, Сине Давидов, покажи милост спрема нас!“

31. Народот се обидуваше да ги замолкне, но тие уште погласно викаа: „Господе, Сине Давидов, покажи милост спрема нас!“

32. Исус застана, ги повика кај Себе и ги праша: „Што сакате да сторам за вас?“

33. „Да прогледаме, Господе!“ му одговорија тие.

34. Исус се сожали и им ги допре очите и тие наеднаш прогледаа и тргнаа по Него.

Прочитајте целосна глава Maтеј 20