Нов Завет

Maтеј 20:18-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. „Еве, на пат сме кон Ерусалим; таму Јас, Синот Човечки, ќе им бидам предаден на свештеничките поглавари и на вероучителите.

19. Тие ќе Ме осудат на смрт и ќе Ме предадат на Римјаните да Ми се подбиваат, да Ме камшикуваат и да Ме распнат. Но на третиот ден Јас ќе воскреснам.“

20. Тогаш кај Исус дојде мајката на Завдаевите синови, заедно со своите двајца синови, Јаков и Јован, клекна пред Него и Го замоли за една услуга.

21. „Што сакаш?“ ја праша Исус. „Дај им на моиве два сина почесни места од Твојата десна и лева страна во Твоето царство“ Му рече таа.

22. Исус им се обрати на двајцата нејзини синови и им рече: „Не знаете што барате. Ќе можете ли да пиете од чашата на Моите страдања, од која Јас ќе пијам?“ А тие Му одговорија: „Ќе можеме!“

23. „Добро, и вие ќе пиете од Мојата чаша им одоговори Исус но Јас не можам да одредам кој ќе седи од Мојата десна страна, а кој од левата. Тие места им припаѓаат на оние за кои ги определил Мојот небесен Татко.“

24. Кога преостанатите десет ученици разбраа за ова, им се налутија на двајцата браќа.

25. Тогаш Исус ги повика кај Себе сите заедно и им рече: „Знаете дека владетелите на овој свет владеат сурово над луѓето.

26. Но, меѓу вас не треба да биде така. Напротив, ако некој сака да биде водач меѓу вас нека им служи на сите.

Прочитајте целосна глава Maтеј 20