Нов Завет

Maтеј 20:15-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. зар немам право да правам што сакам со своите пари? Или, пак, окото ти е завидливо затоа што сум дарежлив!?‘“

16. И така, тие што сега се последни, тогаш ќе бидат први, а тие што сега се први, тогаш ќе бидат последни“ заклучи Исус.

17. Одејќи кон Ерусалим, Исус ги тргна настрана дванаесеттемина и додека чекореа по патот, им рече:

18. „Еве, на пат сме кон Ерусалим; таму Јас, Синот Човечки, ќе им бидам предаден на свештеничките поглавари и на вероучителите.

Прочитајте целосна глава Maтеј 20