Нов Завет

Maтеј 20:12-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. ,Овие последниве работеа само еден час, а ти ги израмни со нас, кои се мачевме цел ден на жегата!‘

13. Обраќајќи му се на еден од нив, тој му рече: ,Пријателе, јас тебе не те оштетив. Зар не се погодивме за надницата?

14. Земи си ја и оди си! А јас сакам да му платам на последниот колку и тебе;

15. зар немам право да правам што сакам со своите пари? Или, пак, окото ти е завидливо затоа што сум дарежлив!?‘“

16. И така, тие што сега се последни, тогаш ќе бидат први, а тие што сега се први, тогаш ќе бидат последни“ заклучи Исус.

Прочитајте целосна глава Maтеј 20