Нов Завет

Maтеј 2:9-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Откако го ислушаа царот, тие тргнаа на пат. И ете, ѕвездата што ја беа виделе на Исток одново се појави и ги водеше си до местото каде што се наоѓаше Детето.

10. Кога видоа дека ѕвездата запре, тие бликнаа од радост!

11. Влегувајќи во куќата, Го видоа Детето и мајка Му Марија, па паднаа ничкум и Му се поклонија. Потоа, ги отворија своите ковчежиња и Го даруваа со злато, со ливан и со смирна.

12. Потоа тие си заминаа за својата земја по друг пат, откако Бог насон ги предупреди да не се враќаат кај Ирод.

13. По заминувањето на мудреците, на Јосиф му се јави насон ангел Господов и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му и бегај во Египет; остани таму додека не ти се јавам, зашто Ирод ќе го бара Детето за да Го убие.“

14. Тогаш Јосиф стана, ги зеде Детето и мајка Му Марија и ноќта заминаа за Египет.

15. И останаа таму си до смртта на Ирод. Со ова се исполнуваше претскажаното од Бог преку пророкот Осија: „Од Египет го повикав Мојот Син.“

16. Ирод збесна кога сфати дека мудреците го надитрија и нареди во Витлеем и во неговата околина да бидат убиени сите машки деца до двегодишна возраст согласно со времето што го беше дознал од мудреците.

17. Со ова се исполнуваше претскажаното од пророкот Еремија:

18. „Пискотници се слушаат во Рама, плач и тажни лелеци; Рахела плаче по своите деца и не сака да се утеши, зашто нив повеќе ги нема.“

19. По смртта на Ирод, на Јосиф, кој беше во Египет, му се јави насон ангел Господов

20. и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му и врати се во израелската земја, зашто изумреа тие што сакаа да Му го одземат животот на Детето.“

21. Тогаш Јосиф стана, ги зеде Детето и мајка Му и сите се вратија во израелската земја.

Прочитајте целосна глава Maтеј 2