Нов Завет

Maтеј 2:7-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Тогаш Ирод скришно ги повика мудреците и од нив го дозна точното време кога се појавила ѕвездата.

8. Потоа ги испрати за Витлеем, порачувајќи им вака: „Одете и подробно распрашајте се за Детето; штом ќе го најдете, јавете ми да појдам и јас да Му се поклонам.“

9. Откако го ислушаа царот, тие тргнаа на пат. И ете, ѕвездата што ја беа виделе на Исток одново се појави и ги водеше си до местото каде што се наоѓаше Детето.

10. Кога видоа дека ѕвездата запре, тие бликнаа од радост!

11. Влегувајќи во куќата, Го видоа Детето и мајка Му Марија, па паднаа ничкум и Му се поклонија. Потоа, ги отворија своите ковчежиња и Го даруваа со злато, со ливан и со смирна.

12. Потоа тие си заминаа за својата земја по друг пат, откако Бог насон ги предупреди да не се враќаат кај Ирод.

Прочитајте целосна глава Maтеј 2