Нов Завет

Maтеј 2:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. По смртта на Ирод, на Јосиф, кој беше во Египет, му се јави насон ангел Господов

20. и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му и врати се во израелската земја, зашто изумреа тие што сакаа да Му го одземат животот на Детето.“

21. Тогаш Јосиф стана, ги зеде Детето и мајка Му и сите се вратија во израелската земја.

22. Меѓутоа, кога Јосиф дозна дека во Јудеја, на местото на Ирод дошол на власт неговиот син Архелај, се исплаши да појде таму. Па откако насон прими упатства, замина во покраината Галилеја.

23. Таму се насели во градот Назарет, со што се исполнуваше претскажаното од пророците дека Месијата ќе Го викаат „Назареќанец“.

Прочитајте целосна глава Maтеј 2