Нов Завет

Maтеј 2:1-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Исус се роди во градот Витлеем, во покраината Јудеја, во времето кога таму владееше царот Ирод. Тогаш во Ерусалим допатуваа неколку мудреци од некоја источна земја

2. и почнаа да се распрашуваат: „Каде е новородениот јудејски Цар? Видовме кога на исток се појави Неговата ѕвезда и дојдовме да Му се поклониме.“

3. Кога го слушна ова, царот Ирод се вознемири, а со него и целиот Ерусалим.

4. Тој ги повика сите поглавари меѓу свештениците и сите вероучители меѓу народот, за да ги праша, каде треба да се роди Месијата.

5. Тие му одговорија: „Во градот Витлеем, кој се наоѓа во покраината Јудеја; зашто, еве како запишал пророкот Михеј:

6. Ти Витлееме, во јудејската земја, по ништо не заостануваш зад водечките градови во Јудеја, зашто од тебе ќе произлезе Водач Кој ќе му биде Пастир на мојот народ Израел.‘“

7. Тогаш Ирод скришно ги повика мудреците и од нив го дозна точното време кога се појавила ѕвездата.

8. Потоа ги испрати за Витлеем, порачувајќи им вака: „Одете и подробно распрашајте се за Детето; штом ќе го најдете, јавете ми да појдам и јас да Му се поклонам.“

9. Откако го ислушаа царот, тие тргнаа на пат. И ете, ѕвездата што ја беа виделе на Исток одново се појави и ги водеше си до местото каде што се наоѓаше Детето.

10. Кога видоа дека ѕвездата запре, тие бликнаа од радост!

Прочитајте целосна глава Maтеј 2