Нов Завет

Maтеј 19:17-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. А Исус му одговори: „Зошто ме прашуваш во врска со доброто? Има само Еден што е добар а тоа е Бог. Ако сакаш да добиеш вечен живот, придржувај се кон Божјите заповеди.“

18. „Кои заповеди?“ го праша човекот, на што Исус му одговори: „Не убивај, не врши прељуба, не кради, не обвинувај лажно;

19. почитувај ги татка си и мајка си и сакај ги своите ближни како себеси.“

20. Во одговор, младиот човек рече: „Кон сето тоа се придржував; што треба уште да направам?“

21. Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, тогаш оди и продај си што имаш и раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе имаш богатство на небото. Потоа тргни по Мене и стани Мој следбеник.“

22. Кога го чу ова, младиот човек си замина разочаран, бидејќи поседуваше голем имот.

23. Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Навистина, на богатите ќе им биде многу тешко да влезат во небесното царство.

24. Ве уверувам дека полесно камила ќе се спровре низ иглени уши, отколку богат човек да влезе во небесното царство!“

25. Слушајќи го ова, учениците се зачудија и Го прашаа: „Тогаш, кој може да се спаси!?“

26. Исус го впери погледот во нив и им рече: „За луѓето е невозможно, но за Бог нема ништо невозможно!“

27. Тогаш Петар проговори и Му рече на Исус: „Ете, ние оставивме си и станавме Твои следбеници. Што ќе добиеме за возврат?“

28. Исус им рече: „Ве уверувам вас, коишто станавте Мои следбеници, дека во новиот свет, кога Јас, Синот Човечки, ќе седнам на Својот славен престол, вие ќе седнете на дванаесет престоли и ќе владеете над дванаесетте Израелски племиња.

Прочитајте целосна глава Maтеј 19