Нов Завет

Maтеј 18:6-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. „Ако некој биде причинител за отстапување од верата во Мене на едно од овие најмаливе, подобро би му било да си стави воденички камен околу вратот и да се удави на дното од морето!

7. Страшно е што на светот има причинители поради кои луѓе отпаѓаат од верата. Навистина, такви секогаш има, но тешко си му на оној преку кого причините за невера доаѓаат!“

8. „Ако твојата рака или нога те наведува на грев отсечи ја и фрли ја! Подобро е да влезеш во вечниот живот со една рака или со една нога, отколку со двете да завршиш во вечниот оган!

9. Или, ако твоето око те наведува на грев извади го и фрли го! Подобро е да влезеш во вечниот живот, макар и со едно око, отколку со две очи да бидеш фрлен во огнениот пекол!“

10. „Внимавајте да не потцените ниедно од овие најмалечкиве, зашто нивните ангели на небото се постојано со Мојот небесен Татко.“

11. (Зашто Синот Човечки дојде за да ги спаси оние што се загубени.)

12. „Што мислите: ако некој има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте и да појде по ридот да ја бара загубената?

13. Па кога ќе ја најде, сигурно ќе ђ се радува повеќе отколку на деведесет и деветте кои не се загубиле!

14. Така ни вашиот небесен Татко не сака да се загуби ниедна душа, макар и од овие најмалечкиве.“

Прочитајте целосна глава Maтеј 18